Борец купи играч од сплитски Хајдук


Велешки Борец продолжува да го засилува тимот за продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига. Доцна синоќа е постигнат договор, а денеска веќе со екипата тренира 18-годишниот младински репрезентативец на Македонија Азер Омерагиќ, кој во Борец доаѓа од сплитски Хајдук.

Омерагиќ е дете на Вардар, каде што ја мина целата младинска школа, а минатото лето замина во славниот хрватски прволигаш Хајдук. Тој игра на позиција центарфор и е висок 185 сантиметри

Омерагиќ е осмото засилување на Борец зимава, откако клубот го засилија Ванче Шиков, Филип Мишевски, Лука Трајковски, Александар Мишов, Мартин Талаков, Хрватот Еди Баша и Србинот Никола Терзин.

Првенството продолжува во недела, на 14 февруари, кога Борец на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес го пречекува есенскиот вице-првак Шкупи.

Извор: batali.net

Previous 22 луди и промашени дизајни - 5 Дел
Next Сашко Коцев ја доби наградата за најдобар актер на филмскиот фестивал во Бејрут

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *