Работа од соништата – Гледање Нетфликс, јадење пица и добивање плата од 500 долари


Претходно оваа недела, компанијата „BonusFinder“ отвори конкурс за „професионален bing watcher“.

Компанијата претходно објави конкурс за плаќање на луѓето да вкусат хамбургери, сладолед, слатки и пита од тиква. „Сега бараме совршен кандидат за да не информира за најдобрата серија на Нетфликс и најдобрата пица за испорака која ќе ни помогне на сите во овие бурни времиња“, стои во нивниот оглас.

Победникот ќе добие 500 долари, а тој ќе мора да погледне и да напише рецензии за три серии на Нетфликс, рангирајќи ги пиците од испораката. Кандидатот исто така ќе добие бесплатна сметка на Нетфликс и буџет за пица и закуски. Според деталите на натпреварот, победникот може да избере три серии, вклучително и Queen’s Gambit, Bridgeford, Night Stalker: The Hunt For a Serial Killer, Cobra Kai

„Професионалниот binge watcher“ ќе треба, меѓу другото, да ја рангира содржината, глумата, но и задоволството од епизодите и крајот на серијата.

Пицата исто така ќе биде рангирана врз основа на неколку критериуми, од изгледот и вкусот, до вредноста за парите, пренесува 021.

Извор: srekja.mk

Previous Храна која го подигнува расположението и го редуцира стресот
Next Седумдесетгодишник сам го превесла Атлантикот за 56 дена за да собере финансии за истражување на Алцхајмерова болест

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *