in , , ,

Кајли Миног ќе се мажи: Пејачката на 52 години за прв пат ќе биде невеста (ФОТО)

Кајли Миног, 52-годишна австралиска поп-sвезда, ќе се венчаза прв пат, пренесува The Mirror. Изборот на сексапилното мињонче е 46-годишниот Пол Соломонс, креативен директор на британското издание на списанието GQ. Веста ја потврди маќеата на Соломонс, која пред новинарите изјави:

„Многу сме возбудени за претстојниот настан. Пол неодамна ни раскажа за сето ова. Кајли и јас сме исклучително среќни. Нема да кажам ништо повеќе, бидејќи му ветив на Пол дека ќе останам дискретна. И, премногу го сакам за да не го одржам зборот“.

Двојката започнала да се подготвува за венчавката, но местото и времето на радосниот настан засега го чуваат во тајност. Претставниците за односи со јавоноста на пејачката сè уште немаат коментар. После низа несреќни љубовни врски, вклучително и онаа со пејачот Џејсон Донован и трагично починатиот пејач Мајкл Хачинс, Кајли беше во долга романтична врска со актерот Џошуа Сас и двајцата требаше да се венчаат во 2016 година. Сепак, откако се откри дека ја изневерил,  свршувачката беше растурена.

Пејачката започна да се забавува со Пол Соломонс во 2018 година. Двајцата се запознаа преку заеднички пријатели. Кога започна да излегува со Пол во 2018 година, Миног се предомисли во врска со бракот. Откако се раздели со нејзиниот вереник Џошуа Сас, пејачката рече дека бракот дефинитивно не е за неа. По состанокот со Пол, таа искоментира: „Можеби е, може и да не е“.
Минатата година, популарната пејачка изјави за нејзината врска: „Сретнав човек со кој се чувствувам добро“.

Фото: Инстаграм принтскрин/kylieminogue

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Седумдесетгодишник сам го превесла Атлантикот за 56 дена за да собере финансии за истражување на Алцхајмерова болест

„Ми треба господин“: Славица Ќуктераш распали по мажите – „Не знаат ништо, немаат манири!“