Необични типови на возачи – Кој од нив сте вие?


Студиите велат дека секој од нас може да спаѓа во одредена категорија на возачи, без оглед дали сме жена или маж. Истражувачите од Лондонската школа за економија и политички науки утврдиле седум типа луѓе зад воланот, пренесуваат медиумите.

Едно лице може да обедини неколку видови во себе, и кој ќе се разбуди зависи од специфичната состојба и околностите. И вака изгледа оваа типологија:

Наставници
Ова се возачите кои треба да им укажат на грешките на својот совозач или колеги во сообраќајот, очекувајќи признание за нивната работа.

Натпреварувачи
За нив сè е трка, така што тие секогаш ќе додаваат гас кога ќе се обидете да ги престигнете или ќе го затворат преминот кон другите. Поради натпреварувачкиот дух, тие често предизвикуваат несреќи.

Одмаздници
Тие свесно ги казнуваат возачите кои, според нив, немаат сообраќајна култура, па затоа или забавуваат или блокираат други автомобили на патот.

Сезнајко
Тие секогаш се во право, па ќе ги слушнете како супериорно коментираат за секој возач, бидејќи само тие знаат да возат. Тие имаат тенденција да им дофрлаат на другите преку отворениот прозорец дека е подобро да го напуштат воланот.

Бегалци
Додека возат, тие најмногу слушаат музика или зборуваат на телефон со слушалки, бидејќи тоа е начин да избегаат од фрустрациите предизвикани од другите возачи.

Филозофи
Тоа се оние мирни, опуштени и прибрани возачи, кои никој не може да ги налути во сообраќајот.

Извор: srekja.mk

Previous РЕЦЕПТ: Здрав и лесен чиа пудинг со банани
Next ФОТО: Мистериозни и чудни слики - 1 Дел

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *