Делфинот Ник го предвиде победникот на Супер Бол


Јубилејното 55-то издание на Супер Бол се игра в недела, а еден делфин од Флорида го даде своето предвидуваше за овогодинешниот победник.

Ник е делфин кој живее во „Клирвотер“ морскиот аквариум во Флорида. Тој доби задача да го предвиди победникот на настанот кој е веројатно најгледан спортски натпревар во САД.

Оваа сезона за место во финалето се изборија тимовите на Канзас Сити Чифс како победник на АФЦ и Тампа Беј Буканирс, шампион на НФЦ. Натпреварот ќе се игра на „Рејмонд Џејмс“ стадионот во Тампа, Флорида, кој е со капацитет од 65.618 гледачи, но поради пандемијата дозволено ќе биде присуство на 25 илјади.

В недела вечер после полноќ, односно понеделник по македонско време во 00:30 часот, ќе видиме дали делфинот Ник го погоди победникот.

Извор: kajgana.com

Previous Зоки – Фаци распука по македонските јавни лица: „Пејачките денес имаат секс за сок и тост!“ (ВИДЕО)
Next Почнува фестивалот: Пробајте бесплатно повеќе од 500 видеоигри

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *