Овие зборови кучињата најмногу сакаат да ги слушаат


Сакајќи да откријат што најмногу сакаат да слушаат нашите миленици, истражувачите од OnBuy.com спроведоа тримесечно истражување за да откријат кои зборови и фрази милениците лудуваат од среќа.

Тие испитале 4389 сопственици на кучиња низ Велика Британија за да откријат кои се нивните омилени зборови. Откако сопствениците откриле што најчесто им велат на кучињата, биле анализирани отчукувањата на срцето на милениците.

На прво место е зборот „прошетка“ со, во просек, 156 отчукувања во минута. Се покажало дека зборот доведува до просечно зголемување на отчукувањата на срцето од неверојатни 36 проценти кога се изговара.

Зборовите „вечера“, „храна“ и „јадење“ се на второ место со 152 отчукувања во минута, што претставува зголемување за 32 проценти.

„Деликатес“ е исто така во топ 3 со 151 срцев ритам во минута, што е зголемување за 31 процент.
Петте раси кои најмногу реагирале на зборовите се францускиот булдог, Бигл, Ротвајлер, лабрадор и дакел, пренесуваат медиумите.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 01 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА
Next РЕЦЕПТ: Пржени ролнички – Идеална брза закуска

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *