Ваквите жени можат да го освојат и поседуваат секој маж


Некои луѓе се природно убави, а некои имаат стекнато одредени квалитети кои го привлекуваат спротивниот пол. Не е тешко да се привлече со изглед, но треба да знаете како да привлечете личност благодарение на вашите карактерни црти.

Што е тоа што ги краси жените кои скоро секогаш добиваат сè што сакаат?

Жени кои се полни со живот
Жените кои се полни со енергија и желни за живот зрачат со сјај и со својот неисцрпен оптимизам едноставно ги привлекуваат мажите како магнет, и уште поважно – успеваат и да ги задржат.

Жени кои немаат комплекси
Таа ги прифаќа сите свои маани и доблести и не станува хистерична кога ќе се здебели неколку килограми. Овој вид на жена им одговара на мажите, бидејќи никогаш нема да им биде јасно зошто жените прават толку многу конфузија околу тоа колку килограми имаат вишок, и зошто наоѓаат маани во себе и каде нема.

Жените кои не се опседнати со изгледот
Секако дека сакаат да изгледаат убаво, но без претерување. Во скоро секое можно истражување што е направено, докажано е дека мажите сакаат природен изглед – без многу шминка, малку пудра, маскара и сјај и тоа е тоа.

Извор: srekja.mk

Previous Дали ова ја надмина границата на лудоста? – Девојка откри трик како да дознаете дали вашето момче ве изневерува
Next HITMEN 3: Осветата на Тамара Видал

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *