За здрава и сјајна коса – Мијте ја косата со оваа состојка од кујната


Миењето на косата со кафе придонесува таа да биде поздрава, посјајна и поубава. Иако повеќето жени сметаат дека ова е луда идеја, миењето на косата со кафе е одличен метод за поздрава коса.

Истражувањата покажаа дека кафето може да го подобри сјајот и растот на косата. Исто така, помага да се затемни нијансата на косата.

Направете силно кафе – колку е потемно и посилно, толку подобро ќе биде неговиот ефект врз бојата на косата. Покрај црно кафе, можете да користите и еспресо.

Откако ќе го подготвите кафето, измијте ја косата со шампонот што нормално го користите. Исушете ја косата, но не целосно. Ако косата е долга, поместете ја напред и нанесете кафе и масирајте ја. Оставете го да отстои 20 до 60 минути, а потоа исплакнете го со топла вода и добро исушете го. Повторете го ова еднаш неделно, и треба да знаете дека резултатите може да бидат помалку видливи на светла коса.

Извор: srekja.mk

Previous Брена ја обои косата розова, а ваква не била никогаш досега (видео)
Next Што се случува кога ќе престанете да пиете кафе еден месец – 5 големи промени во телото

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *