in ,

Твитерџиите го нападнаа Џим Кери поради карикатура на Меланија Трамп

Славниот актер Џим Кери на Twitter објави негово уметничко дело со кое ја исмеа Меланија Трамп. Неговиот твит наиде на различни реакции на социјалната мрежа, но и осуда од јавноста.

Кери објави карикатура на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, со опис: „Збогум најлоша прва дамо. Се надевам дека спогодбата може да го финансира вашиот живот. Благодарам за ништо“.

Некои твитерџии го поддржаа Кери, но други не се одушевени од објавата.

„Џим Кери има неверојатно око за уметност, навистина ја бележи нејзината суштина во ова дело“, стои во еден од коментарите.

Други сметаат дека објавата на Кери е невкусна и сексистичка.

„Ужасно е да ја нападнеш првата дама која својата работа ја работеше грациозно и достоинствено, а не доби ништо освен критики. Срамно е што ниту една жена не ја одбрани Меланија од овие неосновани напади“, се дел од реакциите.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ВИДЕО: Историјата на Велес – Епизода 3

Намирници кои го нарушуваат сонот и поради кои станувате изморени