Кривата куќа во Полска – Архитектонско чудо кое изгледа како танцува или можеби како да се топи


Ако мислевте дека куќата мора да биде направена од прави линии и прозорци и врати под прав агол, постои необична зграда само за да ве демантира. Иако изгледа како да ќе се стопи во секој момент, таа е совршено стабилна, како и секоја друга куќа. Нејзиното име е Крива куќа.

Оваа необична зграда, која се чини дека штотуку излезе од земјата на чудата, се наоѓа во Полска, во градот Сопот.
Вратите, прозорците, исто како и ѕидовите на зградата, се асиметрични и бизарно закривени, правејќи ја куќата да изгледа како колиба од бајките. Изградена е во 2004 година, дизајнирана од студиото „Szotyńscy & Zaleski“, куќата изгледа како да танцува и исто како да дошла од најубавата книга со бајки.
Туристи од Полска и странство доаѓаат секој ден да фотографираат покрај ова архитектонско чудо. Но, не се само туристите заинтригирани од оваа необична конструкција, туку и експертите.

Повеќе погледнете на наредниот линк: Кривата куќа во Полска

Извор: srekja.mk

Previous ФОТО: Итересни и по малку комични слики - 4 Дел
Next Еве кој народ пие најмногу, Македонците не се ниту блиску до врвот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *