Татко чиј син почина во несреќа и го донираше своето срце доби емотивна порака која го расплака целиот свет


(ВИДЕО) Видеото на таткото чиј син почина во несреќен случај во 2019 година трогна милиони луѓе ширум планетата. Имено, синот на Џон, Дакота имал само 16 години кога починал во судирот, а семејството одлучило да ги донира неговите органи.

Човекот кој го доби срцето на неговиот син реши да му се заблагодари на многу емотивен начин. Како што може да се види на видеото кое првично беше објавено од сопругата Стефани, еден ден на нивната домашна адреса пристигна пакет, во кој имаше порака и мала играчка мече.

„Една година откако го добив срцето на твојот син, отидов на преглед. Ова го сторивме таму … Срцевиот ритам на Дакота“ пишуваше во пораката што човекот ја прочитал со солзи.
Потоа извади плишано мече и притисна копче на градите – го слушна срцевиот ритам на неговиот син кој спаси нечиј живот по смртта. Ова видео има скоро милион лајкови на Твитер, а под него има голем број коментари во кои луѓето посочуваа колку се трогнати од овој пост.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА
Next Алекс е првиот антарктички пингвин за кого научниците се бореа пет години

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *