Змиите се новите борци против коронавирусот – Научници открија моќна содржина во нивниот отров


Змијата од видот „црн вајпер“ може да биде значителен удел во борбата против коронавирусот. Научниците открија моќна активност во нејзиниот отров.

Руски научници под раководство на шефот на лабораторијата на Институтот за биоорганска хемија на Руската академија на науките, Јуриј Уткин, работат на нов начин за борба против вирусот корона – тие испитуваат ензим кој се наоѓа во отровот на змијата.

Според резултатите од ова истражување, најефикасниот отров се наоѓа во змијата „црн вајпер“, која има моќна вирусна активност против вирусот корона, пренесува Спутник. Овој вид змија главно живее во југозападна Русија и Украина.

Научниците веруваат дека отровите од оваа змија можат да станат сериозна алатка за создавање нови лекови кои ќе можат да се борат против вирусот корона.

Извор: srekja.mk

Previous HITMEN 2 NPC MOD: Осветата на Kharisma Haasan
Next РЕЦЕПТ: Полнети ролнички – Јадење кое е наречено дека носи среќа

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *