Валерија собира плишани мечки – Вели дека тоа е поради нејзиното трауматично детство кога немала кого да гушне


69-годишната унгарка Валерија Шмид веќе 40 години собира мечиња. Во 2019 година влезе во Гинисовата книга на рекорди за најголемата колекција на светот.

Валерија вели дека нејзината страст кон мечињата потекнува од нејзиното трауматско детство. Кога имала четири години, нејзините родители се развеле и таа пораснала во тешки услови, со мајка алкохоличарка. Во тоа време, не само што немаше играчки, туку немаше ниту облека.

„Затоа сакав плишано мече за да можам да го гушнам и да добијам љубов, вели Валерија, која има четири возрасни деца.“

Валерија неколку пати на ден ги прегрнува и ги гали своите мечиња, за кои вели дека и ја излечиле душата. И сега таа со помош на кадифени играчки им помага на децата.

„Давам мечиња на сиропатилишта, градинки и сиромашни семејства. Организирам и изложби за детски институции, еден вид терапија со 30-50 мечки со кои децата можат да си играат. За жал, поради ситуацијата со вирусот, не можам да го сторам тоа сега.“ Затоа „Мајката на мечиња“, како што ја нарекуваат Валерија, мораше да ја спакува својата колекција во пластични кеси поради невообичаено долгиот зимски сон во кој падна целиот свет поради злогласениот вирус.

Valeria Schmidt, nicknamed as “Teddy Bear Mama”, hugs a teddy bear in Harsany, Hungary, January 11, 2021. REUTERS/Bernadett Szabo

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА
Next HITMEN 2 NPC MOD: Осветата на Kharisma Haasan

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *