Поради пандемијата: Колку пари изгуби филмската индустрија во 2020?


Заработката на холивудските филмови минатата година забележа пад од 80 проценти на подрачјето на Северна Америка откако коронавирусот ги затвори киносалите, а филмските студија одложија многу премиери.

Според истражување на Comscore, прикажувањето филмови на подрачјето на Северна Америка во 2020 година донесе 2.2 милијарди долари, додека во 2019 година 11.4 милијарди долари.

Според податоците на Box Office Mojo, приходот остварен во 2020 е најнизок во последните 40 години. Variety пишува дека глобалната заработка на холивудските филмови во 2020 година е опадната за 71 процент.

Пандемијата ги затвори киносалите низ светот, а некои од нив ги доведе и до работ на стечај. Вкупно 274 филмови, меѓу кои и „No Time to Die“, „Top Gun: Maverick“, „Fast and Furious 9“ и други, ја одложија премиерата за 2021 година.

Поради тоа, во минатата година најмногу заработи филмот „Bad Boys for Life“ на Sony Pictures, кој во киносалите почна да се емитува во јануари и заработи 206 милиони долари.

Извор: kajgana.com

Previous 20 фотографии кои ја одбележаа неделата
Next Убедливо најужасните свадбени фотографии од руски свадби

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *