Во екот на новогодишните празници, многу познати личности освен што ги покажаа новогодишните елки, ги открија и своите желби за следната година.
Пејачката Тамара Драгиќ откри дека нејзината желба нема да може да ја исполни Дедо Мраз туку дека ќе треба сама да се потруди.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ
Таа вели дека љубовта е нејзин двигател во животот, па кога на љубовно поле е се како што треба, тогаш и кариерата ќе и оди по план.
А како што многумина имале симпатии кон јавните личности, така и малата Тамара. Имено, пејчката се потсети на своите почетоци во „Ѕвездите на Гранд“ и откри дека имала симпатии кон пејачот Дарко Филиповиќ.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ
„Јас се појавив на аудиција, а тој беше формиран пејачн и седеше во жирито. Дури во спалната соба имав голем постер од мене и Дарко на кој бевме прегрнати“, вели пејачката низ насмевка.
Потсетуваме, своевремено Дарко Филиповиќ беше во врска со неговата колешка Тања Савиќ.
Извор: vistina.com.mk