„Јас не создавам мода, јас сум мода!“ – Половина век од смртта на Коко Шанел, жената која засекогаш го промени модниот свет


Таа дизајнираше облека што дозволува слобода, во наследство остави парфем, чанта, мал црн фустан, како и познатиот костум.

Габриел Коко Шанел е една од највлијателните модни личности на 20 век. Помина половина век од смртта на жената која на дамите им даде не само слобода на кројот, туку и остави модно наследство и инспирација кои ги обожаваме и денес.

Родена е како Габриел Бонхеор, а познатата Коко Шанел почина на 10 јануари 1971 година на 88-годишна возраст во хотелот Риц во Париз, каде што живееше. Беше недела, 9 часот наутро, и таа работеше на нова колекција, која беше откриена по нејзината смрт. Цел живот и го посвети на својата модна кариера, се придржуваше до едноставни стилски правила, во тоа време многу модерно, слободно можеме да кажеме револуционерно.

„Ништо не е поубаво од слободата на телото“ – беше нејзиното мото. Таа сакаше жените да се движат и да дишат во нејзините креации, исто како и мажите. Нејзината работа е на многу начини еден вид еманципација на жените.

Повеќе ќе најдете на наредниот линк: Половина век од смртта на Коко Шанел

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА
Next Темни кругови околу очите – Природни методи како да се ослободите од нив

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *