Дара Бубамара првпат проговори за врската со 24 години помладото момче: „Ме чува како кралица“


Дара Бубамара првпат проговори за врската со нејзиното 24 годишно момче кои сите го знаат како Тони, но негово вистинско име е Марко.

Како што истакна во нејзиното последно интервју, Марко и го наравил животот поубав.

„Навистина ми го направи животот поубав, ми овозможи патувања. Искрено, ми се случи такво момче, таква љубов, па не ни го почувствував коронавирусот“, вели Дара.

„После долго време некој ме гледа како кралица. Ме гледа како вистинска жена. Убаво ми е со Марко. Тешко некој да биде доминантен кон мене, но и тоа се случи“, вели пејачката.

Марко се запознал со синот на Дара, Коста.

„Многу убаво живеам, а тие многу убаво се согласуваат“, заклучи Дара за „Ексклузивно“.

Извор: vistina.com.mk

Previous Кога се сака, сè се може – Девојка ослабе 75 килограми од минатиот Божиќ до овој
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 12 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published.