Кој актер е еден од најголемите фаворити за наследник на Бонд?


Триесет и едногодишниот Реге-Жан Пејџ сè почесто се спомнува како наследник на Даниел Крег во улогата на познатиот агент Џејмс Бонд. И не само тоа, тој моментално води во обложувалниците, а обожавателите се сложуваат дека би бил одличен во улогата на агентот 007.

Реге-Жан Пејџ ја освои публиката со улогата на Сајмон Басет, војводата од Хејстингс во историската драма „Bridgerton“ на Netflix. Неговите навивачи навиваат тој да биде замената за Даниел Крег.

Досега како наследници за улогата на Џејмс Бонд се спомнуваа Идрис Елба, Џејмс Нортон, Том Харди и други.

Но, обожавателите мислат дека Пејџ е најидеален за таа улога, а актерот веќе води во обложувалниците, сите се обложуваат и навиваат за него. Роден во 1990 година во Лондон, а детството го минал во Зимбабве. Како тинејџер се вратил во Велика Британија, каде дипломирал на Драма центарот во Лондон. По неколку успешни улоги во претстави и мали улоги во Хари Потер, среќата си ја пробал во Холивуд.

Сега го гледаме во улогата на шармантниот војвода Сајмон Басет, еден од најпосакуваните ергени во Лондон на почетокот на 19 век.

Извор: kajgana.com

Previous 22 слики од комични и забавни животни - 2дел
Next FIFA 20 СТРИМ: Елена Ристеска и Аднан Куртов спешел

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *