3 000 следбеници за краток период: Ќерката на Тамара Тодевска доби „Инстаграм“ профил


Македонската пејачка Тамара Тодевска е можеби една од најактивните корисници на социјалните мрежи.

Таа често објавува делови од своето секојдневие, каде е, што прави, како го поминува времето, рекламира одредени производи, но и често знае да сподели фотографии и видеа од нејзините деца, посебно Хана.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ТАМАРА ТОДЕВСКА

Хана со нејзината харизма, интересни инсерти, фотографии, изјави знае да ве насмее и да ви го направи денот.

Во една прилика   пејачката истакна дека размислувала да и отвори на Хана посебен Инстаграм, но се предомислила.

Меѓутоа, таа идеја повторно ја доби деновиве, па ги праша нејзините следбеници што мисли да отвори Инстаграм профил под наслов „Дневна доза со Хана“.

Откако, повеќето фанови беа за, пејачката и направи посебен профил на својата ќерка на кој објавува интересни видеа и фотографии од нејзината наследничка.

Хана за краток период доби над 3000 следбеници, а оние кои ја следат ќе се насмеат од срце за слатките и интересни објави.

Извор: vistina.com.mk

Previous Првата мисија на Hitman 3 изиграна 10 минути
Next Како да откриете дали вашата симпатија е сингл или во врска со помош на Инстаграм

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *