Македонската пејачка Ноне Неделковска веќе неколку години не е дел од јавната музичка сцена и нејзиниот професионален живот се насочи во друг правец.
Имено, Ноне работи на брод, а ова нејзина нова професија се покажа како погодона за неа.
Некогашната пејачка речиси го прошета цел свет и нема каде не беше, ем уживајќи во работните ангажмани, ем во убави, егозтични патувања.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА
Едноставно, спои убаво и корисно.
Меѓутоа, откако започна пандемијата со коронавирусот, Неделковска своето слободно време го поминува во родниот Велес заедно со своето семејство.
Таа не е од оние корисници кои висат по социјалните мрежи и на секоја минута да објавува што прави, но некогаш знае да направи исклучок.
Иако, Ноне не го експонира премногу своето семејство, овој пат покажа од кого ја наследила својата убавина.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА
Имено, Ноне во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка со која неверојатно си личат.
„Мама“, напиша Неделковска покрај фотографијата.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА
Се согласувате ли дека Ноне е копија на нејзината мајка?
Извор: vistina.com.mk
No Comment