in ,

Проширени пори – Корисни совети кои можат значително да ја подобрат кожата

Ако страдате од зголемени пори и проблематична кожа, ова се советите на дерматолозите кои можат да ви помогнат. Не, нема креми кои прават магија, тоа е само прашање на соодветна грижа однадвор, но и одвнатре!

1. Бидете внимателни колку млеко пиете
Звучи неверојатно, но така е! Дерматолозите велат дека луѓето со проблематична кожа и зголемени пори не треба да пијат повеќе од 200 милилитри млеко на ден. Може да има траги од хормон за раст во млекото, што ќе доведе до зголемени пори.

2. Мијте го лицето со топла вода
Двапати на ден, измијте го лицето со топла, не жешка вода. Премногу топла вода ќе ја исуши кожата и ќе ја направи да лачи уште повеќе маснотии.

3. Не го мачкајте носот со крем
Ако имате мрсна кожа, немојте да мачкате дневен крем на носот. Тоа ќе доведе до дополнително зголемување на порите и формирање на црни точки.

4.Користете соодветно сретство за миење
Обавезно побарајте производ што одговара на pH на вашата кожа, помеѓу 4,7 и 5,75. Погрешно средство за чистење ќе биде виновно за „активирањето“ и за лачење на уште повеќе маснотии.

5. Бидете внимателни со кремите за сончање
Да, кожата треба да биде заштитена секогаш кога сме надвор, без оглед на сезоната. Но, секогаш купувајте производ кој не содржи масла, по можност цинк. Не ставајте водоотпорен крем со заштитен фактор на лицето, бидејќи кожата нема да може да дише.

6. Бидете внимателни што користите
Премногу течна шминка или „премногу“ навлажнувачки крем ќе направат зголемените пори да изгледаат уште поголеми. Дерматолозите препорачуваат лесни креми доколку го имате овој проблем.

7. Дали правите пилинг?
Да, но ако имате чувствителна кожа, нека биде хемиски. Само луѓето со поотпорна кожа можат да „издржат“ механички пилинг со големи честички кои всушност ја гребеат кожата.

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Запознајте ја Зелда – Слатката мачка која стана ѕвезда поради својот невообичаен поглед

Салма Хаек го откри својот таен рецепт на кој му ја должи својата младоликост