Откако прво Меси му урна еден, а веднаш потоа Роналдо му урна друг рекорд, Пеле сепак не ги призна ни двата и се пофали дека сѐ уште е најдобриот голгетер на светот.
Изгледа дека сепак Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаат уште долг пат да изодат додека го престигнат легендарниот Пеле. Барем според статистиката која ја вади Бразилецот.
Прво Меси се пофали дека го урнал рекордот на Пеле за најмногу постигнати голови во дресот на еден клуб, а потоа Кристијано Роналдо за најмногу постигнати голови во кариерата воопшто.
Официјалната статистика вели дека Пеле во дресот на Сантус има постигнато 643 голови, па сите помислија дека Меси е сега број еден стрелец во дресот на еден клуб со 644 голови за Барселона, но потоа се јави бразилскиот клуб тврдејќи дека нивната легенда всушност има 1.019 голови.
Потоа Роналдо го постигна својот гол број 758 во кариерата надминувајќи ги оние 757 на Пеле, но ништо и од тоа бидејќи Пеле вели дека има постигнато 1.283 голови.
Откако сите почнаа да пишуваат за новите рекорди на Меси и Роналдо, Пели реши да оди контра и да се бори кон оваа неправда. Својот официјален Instagram профил го збогати со фактот „Водечки голгетер на сите времиња (1.283)“ ставајќи им на сите дознаење дека неговите рекорди се живи.URL
Pelé has upgraded his Instagram bio.
— ESPN FC (@ESPNFC) January 4, 2021
Looks like Ronaldo and Messi still have a long way to go ?⚽️ pic.twitter.com/ibZ4FEq30X
Пеле својата кариера ја тераше од 1956 до 1977 година и според официјалната статистика на ФИФА има постигнато 643 голови во дресот на Сантус, 64 за Њујорк Космос и 77 за репрезентацијата на Бразил. Проблем се головите постигнати во црно-белиот дрес на Сантус кои според Пеле и клубот се далеку повеќе, односно 1.019.
Извор: kajgana.com