Клучен чекор во негата на косата кој помага во нејзино растење а најчесто го изоставаме


Исто како што треба да направите пилинг на кожата за да ја направите убава, сјајна и мазна, исто толку е важно да направите пилинг на скалпот за да ја одржите вашата коса здрава и сјајна.

Имено, со редовно отстранување на мртвите клетки на кожата од скалпот, косата ќе стане поздрава и ќе има поголем волумен, а ќе расте побрзо. Некои козметички брендови, знаејќи го ова, нудат производи со морска сол, но исто така можете да направите свој домашен шампон за лупење на скалпот.

Сè што треба да направите е да ставите лажица шеќер на вашата дланка, да го истурите во шампонот што нормално го користите и да ја истриете смесата на скалпот. Не тријте ги краевите на косата со оваа мешавина, само коренот, и кога ќе исплакнете ставете регенератор или маска што вообичаено ја користите.

Девојките кои го испробале овој трик велат дека косата после тоа е многу помека и поздрава, а експертите исто така потврдуваат дека миењето на косата на овој начин подобро ги апсорбира хранливите материи од мелемите и маските.

Извор: srekja.mk

Previous „Зошто Боже“: Сара Мејс шокирана од музичките афинитети на ќеркичката Илина (фото)
Next Погледнете како автопилотот на "Tesla" самостојно вози над 600 километри...

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *