Елена Ристеска се пофали со успехот на својата сестра: „Сè повеќе се гордеам со тебе“


Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави во втор план и моментално е посветена на својата кариера која оди во друг правец односно лансираше парфем со својот потпис.

Нејзината линија постигна голем успех, а Ристеска добива комплименти како од нејзините фанови, така и од нејзиното семејство.

Елена во една прилика истакна дека за нејзиниот нов бизнис оглема поддршка и е нејзината сестра Драгица.

Иако македонската пејачката не е толку активна на социјалните мрежи и не го експонира своето семејство, овој пат не може да се издржи и да не се пофали со  успехот на својата сестра.

Имено, фотографија на нејзината сестра Драгица се најде на изложба во Србија.

Слика на сеcтра ми како дел од изложбата наречена „Рефлексија“ во Белград, Србија. Се’ повеќе се гордеам со тебе, сис .. те сакам, напиша Eлена.

Инаку, сестрата на Елена е ликовен уметник, а пред неколку години ја одржа својата самостојна изложба, а Ристеска во една прилика истакна дека и таа како нејзината сестра имала амбиции да продолжи на Ликовна академија.

-Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, изјави своевремено Елена за еден од македонските портали.

Извор: vistina.com.mk

Previous Пеле не ги признава рекордите на Роналдо и Меси
Next „Зошто Боже“: Сара Мејс шокирана од музичките афинитети на ќеркичката Илина (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *