Ова е најмалиот аеродром: Дали би слетале тука?


Аеродромот Juancho E Yrausquin Airport на островот Саба ја има најкратката комерцијална писта во светот.

Пистата „се протега“ на само 400 метри, па затоа не е лесно да слетате на овој остров што спаѓа во Малите Антили.

Овој остров во Карипското Море се гордее со еден од највисоките врвови – планината Синери која се издига на 887 метри, но и со еден од најмалите аеродроми во светот.

Аеродромот се наоѓа на североисточниот дел од Саба, а е изграден во 60-тите години на минатиот век. Има само една писта која се протега на само 400 метри и затоа таму е забрането слетување на големи авиони.

Иако таму обично можат да се видат помали авиони и хеликоптери, само најискусните пилоти знаат да слетаат на Саба за време на ветровито време.

Windward Island Airways International NV (Винаир) е единствената авиокомпанија што нуди редовни летови од овој карипски остров.

Иако не сме патувале цела година, сепак не сме сигурни дали би летале со авион за да слетаме тука. Дали вие би слетале на оваа писта?

Извор: kajgana.com

Previous Елена Ристеска ме блокна на Инстаграм
Next Познатата Велешка Пејачка Валери во слободно време игра Сајберпанк2077

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *