Точно на Нова година легендарниот српски пејач Тозовац се ожени на 84 години


Завчеравечер, на Нова година, легендарниот српски фолк пејач Предраг Живковиќ – Тозовац одлучи да го изговори своето судбоносно „ДА” на својата долгогодишна партнерка Емилија. Тозовац и Емилија се во врска и заедно живеат повеќе од 40 години. Веста на социјалните мрежи придружена со честитки, ја објавија нивни пријатели, од кои беа меѓу малкумината присутни на свечениот чин.

“Жена ми, можам да кажам жена ми, и јас со право кажувам жена затоа што таа е вистинската жена за мене, затоа што сум поминал речиси половина од мојот живот со неа. Таа е многу трпелива, добра мајка, добра пријателка, имаме внука, па затоа е и добра баба.

Но, пред сè, таа беше најголемиот пријател и поддршка во мојот живот. Јас сум Водолија, таа не може сама. Еднаш сонував дека умре. Така во сон ја гушкав и лелекајќи на сон гласно викав:

„Зошто ме оставаш, со кого да живеам сега? Тоа е најискрената реченица што мажот ја изговара во сон” – изјави Тозовац претходно.

Извор: vistina.com.mk

Previous HITMEN 2 NPC МОД: Jackie Carrington во акција
Next Јелена Карлеуша ја покажа и својата нежна страна: „Ова е апсолутна љубов“

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *