СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА


ОВЕН
Транзитот на вашиот господар Марс во знакот на Бик ќе донесе преокупација со финансиите, самодовербата и заработката. Многу припадници на знакот ќе имаат прилика да ја променат работата или да пронајдат уште една. Конјукцијата на Уран и квадрат од страна на Сатурн ќе ве натера да бидете флексибилни и да прифатите некои други решенија, спротивни од оние кои ги сакате. Ваквите силни аспекти силно ќе влијаат на вашиот имунитет и физичка стабилност, да внимавате на исхраната и исцрпувањето.
Венера во Јарец на слободните ќе им донесе простор и време да поразмислат дали е паметно да се вратат на некои луѓе од минатото и да продолжат уште нешто што не е разрешено со цел нивниот однос да заплови во мирни води. Оние Овни кои се во врска можат да очекуваат заладување на односите затоа што партнерот ќе биде заинтересиран за лични амбиции и напредување отколку за односот. Ќе ви биде потребно повеќе трпение и разбирање, но и компромиси.
Кога меркур ќе направи премин во знакот на Водолија можете да очекувате некои подобрувања на полето на пријателството и деловните реализации. Во периодот до ретроградното движење на Меркур во Водолија обидете се да не правите многу пресек и нагли одлуки затоа што сето тоа ќе биде ревидирање подоцна со доза на непредвидливост.

БИК
Присуството на Марс во вашето природно прво поле превствено ќе нагласи лесно исцрпување и замор кој ќе биде последица на вашите желби да постигнете се во исто врее. Конјукцијата со Уран може да донесе низа промени и изненадни пресврти на деловно поле и кариера, а квадратот со Сатурн и губењето на поддршката во наредните и нови притисоци.
Исто така квадрат Марс во Бик и сатурн во Водолија емотивните партнери ќе ги претвори во малку лути, агресивни и нерасположени односи, што значајно ќе влијаат на динамиката на емотивниот однос.
Венера во Јарец ќе се движи во вашето деветто поле и значајно ќе влијае на вашите емотивни односи. ова може да биде приказна за вас како оддалечен партнер кој бара љубов и внимание. На слободните Бикови ов аможе да донесе некој кој не е физички емотивен присутен во самиот однос.
Меркур во Јарец исто така ќе ја нагласи потребата финансиски да постигнете стабилност, макар по пат на штедење и скратување на ситни уживања. Конјукцијата со Плутон може да доведе до празен новчаник но ќе сфатите каде биле грешките или барем погрешната проценка.

БЛИЗНАЦИ
Меркур во Јарец силно ја нагласува потребата на Близнаците да ги претресат џебовите. Присуството на владеењето на овој знак во осмото природно повќе ќе ги повлече од јавноста и ќе ги насочи кон некои болни теми.
Конјукцијата со Плутон на крајот на осмото поле става точка на темата за стравот, сексуалноста и блискоста. Исто така во овој период можни се добивки или контакт со личности од минатото. Внимавајте на долгови и натрупување на истите.
Преминот на Марс во знакот на Бик и конјукцијата со Урам можат да бидат изненадни предизвикувачи на трајни непријатества но и за разболување. Конјукацијата на овие две планети исто така укажува на потреба да направиме нешто револуционерно за себе во доменот на психичкото здравје. Квадрат Сатурн во Водолија и Марс во Бик ќе ги ограничат патувањата, плановите и контактите со доста важни личности. Потребно е доста енергија за да се издигнете над овие непријатни ситуации а таа ќе дојде откако Меркур ќе влезе во знакот на Водолија.
Од 8 јануари започнува позитивен период за припадниците на овој знак. Ќе се зголеми потребата за учење, планирање но и забава. Присуството на Сатурн и Јупитер во овој знак само ќе ја придивижи комуникацијат аи со самото тоа поддршката на околината и емотивниот партнер.

РАК
Поради присуство на Меркур и Венера во спротивниот знак т.е. Јарец, се нагласува потребата да се насочите кон другите. Меркур во Јарец во конјукција со Плутон ќе ги забрза сите ситуации, што може да предизвика доста нервоза и брзо замарање. Доста е важно да воочите важни ситници кои морате добро да ги организирате. Бидете внимателни и слушајте подобро, особено партнерот.
Присуството на Венера во Јарец во вашето седмо поле, поле на партнерските односи, внесува динамика во вашиот социјален живот, а секако ве предупредува на можност и враќање на некои личности од минатото. Доколку сте во врска обидете се да не ги симнувате вашите стандарди и да се спуштате на ниво кое не ви одговара.
Марс во Бик здружен со Уран ќе го здрма вашето поле на пријателствата, патувањата но и реализацијата на деловните планови. Можни се нагли прекинувања на пријателства но и изненадни прмени во расположнието и напнатост. Лунацијата во Јарец означува почеток на фаза од месец дена во чиј тек ќе се усогласите со сите а најмногу со емотивниот партнер. Ова може да биде нов почеток, на стари основи.

ЛАВ
Преминот на Марс во Бик во вашето десетто поле ќе ве направи нетрпеливи да покажете и да го понудите сопственото знаење и уметност премногу нагло. Се насобира напнатост и нервоза, најмногу поради потребата да се докажете. Присуството на Уран во близина на Марс во Бил ќе ве натера да се ослободите од нешто на патот кон градењето на кариерата. Овој аспект значајно ќе влијае и на состојбата во семејството, затоа што ќе бидете растргнати помеѓу амбицијата и потребата да се посветите на најмилите.
Квадрат Сатурн во Водолија и Марс во Бик можат да ве вовлечат во песимистичка игра. Имате чувство дека ништо не можете да постигнете и колку да се трудите.
Венера во Јарец ќе помине низ вашето природно шесто поле и ќе најзначи битност на добри секојдневни рутини. Бидете внимателни и организирани но ќе се соочите со фазите апатија и меланхолија поради неисполнети емотивни очекувања.
Меркур во Јарец нагласува потреба за да средите финансии. Секојдневните пресметки и калкулации на крајот ќе се исплатат и ќе бидете пожелни, особено кога Меркур ќе премине во Водолија и ќе започне низа на можности на темите љубов, соработка и комуникација.
Исто така присуството на Сонцето, Сатурн и Јупитер во вашето природно седмо поле ќе внесат смена на емоциие од најголема негативност до еуфорија. Чувстото на изолираност, отфрленост или неразбирање ќе биде иразено во последната недела од фебруари.

ДЕВИЦА
Меркур во Јарец на самиот почеток на месец ќе ви даде ментална сила да ја делувате доста добро и корисно за себе. Кога владетелот на вашиот знак ќе премине во знакот Водолија ќе добиете милион идеи во врска со работата и соработката, а сигурно дека ќе се издвои и група луѓе во која ќе сакате да припаѓате. Фокусот ќе биде на децата или семејството, но и на некои поправки и иновации во вашата куќа.
Ретроградниот Меркур во Водолија на тој пат малку ќе ве успори, па ќе има недоразбирања и нервози, но и вашите потреби да држите се под контрола.
Присуството на Сатурн, Јупитер и подоцна Сонцето во Водолија ќе ве натера да измените некои лоши навики но и да донесете некои важни одлуки поврзани со семејството. Поради тоа можни се и раздвојувања но и рушење на стари лоши навики.
Марс во Бик ве подигнува, ви внесува нова енергија која ќе ви разбуди иницијатива, но и харизма. Уран и Марс во Бик може да ве наведат да запознаете нови луѓе, да ги импресионирате надредените на работа како и нови потенцијални емотивни партнери.
Квадрат Сатурн и Марс може да укаже на некои проблеми со здравјето или проблематично секојдневие кое нема долго да трае.
Младата месечина во Јарец е доста важна за вашиот љубовен живот, и оваа фаза може да укаже на нова љубовна врска, бременост или патување. Исто така, покажува и каде ќе вложите најмногу енергија до средината на февруари.

ВАГА
Поради присуството на Сатурн и Јупитер во водолија, Вагите би можеле да останат ускратени за некоја динамика и акција, затоа што ним најмногу ќе им одговараат поедини аспекти и транзити.
Оваа леснотија која моментално претставува олеснување, може да се сврти против припадниците на овој знак во вид на мрзеливост.
Присуството на Венера во Јарец би можело да помогне на малку себичниот и арогантен пристап па затоа многу Ваги ќе го истураат својот бес на партнерот поради интертност и спорост, наместо да се придвижат себеси.
Венера во Јарец ќе престојува во вашето четврто поле, што само ќе ги сврти припадниците на знакот кон домот и семејството и решавање на некои проблеми во истото.
Марс во Бик ја зголемува потребата да се ослободите од долгови но и опасноста од претерано опуштање и трошење пари. уран прави проблеми во вашата куќа на долговите, па сега е ред да се реши и тоа прашање.
Додека Меркур не премине во Водолија нема да можете да се ослободите од негативните мисли, а спојот од Меркур со Сатурн и Јупитер ќе донесе или некој нов курс, план или разработка на идеи, специјално кога истиот Меркур ќе биде ретро од 30 јануари. Внимавајте на деталите кога се во прашање некои патувања, испити или курсеви.

ШКОРПИЈА
За Шкорпиите и останатите фиксирани знаци започна еден период полн со предизвици кој го означува конјукцијата на Сатурн и Јупитер. Голем дел од припадниците на овој знак во наредниот период ќе мораат да превземат одговорност и да ги засукаат ракавите и да ставате се во преен план.
Првиот предизвик на овој знак ќе биде во доменот на партнерските односи. првото придвижување од ретро чекорањето на Уран и конјукцијата со Марс ќе им донесе доста бури во врските. Оние кои се во стабилен однос ќе мораат да променат некои карактеристики во сопственото однесување, додека слободните ќе бидат предизвикани и изненадени со авантури кои ќе бидат се само не стабилни.
Нема да биде чудно ако бидете обвинети за себичност или безобзирност према партнерот, а тоа ќе бидат особини кои ќе морате да ги менувате. Квадрат со Сатурн и Јупитер ќе биде главен предизвик. Прво донесува инхибираност и огромна фрустрација, додека другиот аспект за храброста која некој ќе ја превземе во врската со промена која штотуку започнува. Бидете флексибилни и прилагодливи затоа што ќе наидувате на предизвици секој ен.
Присуството на Венера во Јарец во вашето трето природно поле може да укаже на оддалечување со најблиската околина.

СТРЕЛЕЦ
Присуството на Јупитер во Водолија на Стрелците ќе им донесе многу радост, убави мигови и набој на ентузијазам и позитива. Меѓутоа, Сатурн во Водолија ве опоменува дека сега е време да се подготвите за лекција од Сатурн во Јарец и почнува промена на начинот на размислување. Без оглед на тоа какви се ситуациите во наредниот период, ќе биде полесно од претходно. Не смеете да заборавите што сте научиле претходната година и морате да се подготвите специјално во текот на оваа 2021 година.
Марс во Бик го напаѓа природното шесто полек каде одамна се наоѓа и Уран што само може да ги поттикне дешавањата на работата но и на полето на секојдневието. Внимавајте на исхраната и на начинот на кој го изнесувате својот став, затоа што Уран во бик ќе донесе изненадувања а Сатурн во Водолија квадрат со Марс ќе застане некоја работа или проект. Бидете трпеливи.
Венера во Јарец ќе престојува во второто поле што може значајно да влијае на добивките и тоа на оние заостанатите. Исто така, другото поле е поле на нашата самодоверба па градете го на искуство.

ЈАРЕЦ
Јарците го оставаат позади себе најнапнатиот и најпредизвикувачкиот период во последните дваесет години. Преминот на Сатурн во знакот на Водолија за припадниците на овој знак претставува излез од периодот во кој сте морале да научите дека парите и материјалната стабилност не се лек за проблемите кои ги носите длабоко во себе.
Во наредниот период ќе бидете обврзани да согледате малку повеќе луѓе околу себе и егото да го држите на скромно ниво. Вашата успешна соработка со другите директно ќе влијае на подобрување на положбата и каква да е во прашање.
Марс во Бик заедно со Уран ќе го нападне вашето петто поле, полето на љубовта, забавата и децата. Доколку досега сте наишле на личност која би можела да ги исполни вашите норми и побарувања, ова би можело да биде период кога полесно ќе и се препуштате на љубовта и површиниот секс. Кога Марс ќе биде нападнат од страна на Сатурн во Водолија, вие ќе ставите препрека на некоја симпатија и со тоа ќе ја успорите целата приказна. Најважно е да не се плашите од грешките.

ВОДОЛИЈА
Од 22 декември 2020 година Водолиите конечно се вртат од светот и се движат во длабочината на својата интима. Сатурн во Водолија каде иначе е седиште на припадниците на овој знак ќе направи да почнат да превземаат иницијатива со самодоверба и сигурност затоа што кулминацијата од претходните седум години ќе се одигра во текот на наредниот период. Јупитер во Водолија помага колку толку затоа што ќе ви ја даде потребната позитивност и волја наредните препреки да ги преминете полесно. Оваа позиција во прв план може да донесе гоење, бременост или големи патувања.
Присуството на Марс во Бик во вашето природно четврто поле може да внесе немир во вашиот личен живот. Можни се нагли расправии кога ќе има конјукција Марс и Уран но и изненадни трошоци поврзани за домот и семејството. Кога Сатурн во Водолија ќе го нападне Марс во Бик, многу веројатно ќе бидете баш вие тие кои ќе одложите нешто во врска со емотивните односи. Обидете се да не решавате се асертивно и без обвинување на туѓа сметка.

РИБИ
Преминот на Јупитер во знакот на Водолија и влегувањето во вашето природно дванаесетто поле ќе ве одведе таму каде што сакате – во светот на фантазиите и лудите идеи. Препуштете се на тоа, тоа е ваше најплодно поле, поле ан сонот и фантазиите и ќе се прошири и ќе ви помогне во понатамошно напредување.
Исто така, се што се наоѓа во дванаесеттото поле претставува ваш потсвесен непријатен, па внимавајте нда не претерувате во некои моменти затоа што се ќе се насочи против вас.
Сатурн во истото поле ќе ве одведе на некои мрачни места од вашата душа и потсвест,и ќе бидете поизолиран од сите и нема да ви годи забава и излегувања.
Марс во Бик ќе се спои со Уран во вашето природно трето поле па би било добро да ги отворите очите во сообраќајот. Можни се дефеци со превозното средство или проблеми во извршување на ситни задачи.
Квадрат Сатурн во Водолија и Марс во Бик може да предизвика прекин на некое пријателство или однос.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 2 И 3 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА
Next Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2021 година

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *