in , , ,

Maрија од Штип воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“, а Карлеуша прва ја пофали: „Браво, вие Македонците секогаш се трудите“

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за првпат настапуваше Марија Данева од Штип која беше во групата на Александар Милиќ Мили.

Таа се претстави со песните „Збуњена“ од Негатив и „Гинем“ од групата Магазин.

Марија ги освои сите шест гласови и помина во следниот круг.

ФОТО: ПРИНТСКРИ/ЈУТУБ/ЅВЕЗДЕ ГРАНДА

Жирито имаше само пофални зборови за македонската кандидатка.

„Преслатко, убаво. Добро вие во Македонија имате нешто, и музика, и ритам, имате и „фора“ во облекување, секогаш сте различни, се трудите.  Македонците во ова шоу навистина многу се трудат“, изјави Карлеуша.

И Ана Бекута имаше пофални зборови за Надева.

„Браво, девојко убавице“, истакна фолк пејачката.

„Марија, откако седам во ова шоу, никој ја нема отпеано толку добро „Гинем“ како тебе“, изајви Ѓорѓе Давид.

Maкедонката за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша, а нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу на 2:11:43.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

94-годишен старец повикал полиција на Божиќ затоа што бил осамен

0

22 СЛИКИ: Дали сте спремни за забавни и комични животни