Кои типови на мажи ќе ве изневерат без око да им трепне


Ако стравувате дека вашиот сегашен или потенцијален партнер би можел да ве изневери, знајте дека не сте осамени. За жал има се повеќе такви кои се плашат дека еден ден партнерот би можел да ги изневери, иако се доста посветени на тоа врската да успее.

Причините за неверство се бројни, од недостаток на самодоверба до незадоволство во врската или едноставно желба за нешто ново и возбудливо. Меѓутоа зар не би било прекрасно кога би сте можеле однапред да знаете кои типови на мажи се склони кон неверство? Вешто истражувајќи на оваа тема, ви укажуваме на денес потенцијалните преваранти.

Високи мажи
Спрема најновите истражувања мажите кои се повисоки од 1,8 цм се склони кон неверство многу повеќе од своите пониски колеги, дури и два пати. Причината за тоа е што повеќе жени ги сметаат високите мажи за привлечен „плен“ и со самото тоа ако вашиот маж е висок тој е „плен“ на многу жени во неговото опкружување.

Љубители на rock’n’roll
Верувале или не дури и музичките преференции се поврзани во факторот на неверство. Према студиите кои се занимавале со оваа тема, дури 41% од машкиот пол кои ги изневериле своите партнерки изјавиле дека биле големи фанови на рок музика. Бидејќи рок музиката пропагира слобода, можно е мажите тоа премногу буквално да го сфаќаат.

Стручњаци за технологија
Звучи изненадувачко но момците кои работат во IT секторот исто така спаѓаат во категорија – прељубници. Тешко е да се поврзи неверството со овие интровертни момци и шмекерите кои освојуваат женски срца и ги изневеруваат своите партнерки, но статистиките не лажат.

Оние кои се зависни од социјални мрежи
Мажите кои поминуваат премногу време на социјалните мрежи, неминовно бараат некој со кого би можеле да се поврзат. Порано или подоцна некој таков ќе се појави а шансите за неверство се удвојуваат.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next Како се прославува Нова Година ширум светот – Кои земји имаат најчудни обичаи?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *