Како се прославува Нова Година ширум светот – Кои земји имаат најчудни обичаи?


Processed with VSCO with c1 preset

Пред околу 4,000 години во древен Вавилон за прв пат била одбележана Нова Година и од тогаш до денес луѓето ја слават ширум планетата со музика, огномет, на улиците и плоштадите или дома.

Секоја земја има свои обичаеи: Шпанците на пример, на полноќ јадат 12 зрна грозје за да бидат среќни сите 12 месеци во годината.

Грците јадат колач во кој се наоѓа паричка и ако таа се најде во третото парче од колачот, таа година семејството ќе има среќа цела година.

Германците не можат да ја замислат Нова Година без огномет и крофни, а Британците се бакнвуаат на полноќ и се во исчекување кој прв ќе им дојде на гости – ако тоа биде машка личност со подароци, ќе имаат среќа цела година.

Јапонците за дочекот на Нова Година започнуваат уште од раните часови со чистење на куќата и симболично ја бришат прашината од минатото и го подготвуваат домот за нова успешна година.
Завршниот чин на прославата во Јапонија е слушање на одѕвонувањето на часовникот кој се огласува 108 пати со што се смета дека несреќата е избркнана и незадоволството и себичноста.

Кинезите за Нова Година сите врати ги украсуваат со црвени украси затоа што црвената боја е симбол за среќа и веселба.
Од домовите се отстрануваат сите ножеви на 24 часа за никој да не се повреди затоа што таа незгода би значела дека таа личност ќе ја спречи семејната среќа во претстојната година.

За повеќе погледнете на наредниот линк: Како се прославува Нова Година ширум светот

Извор: srekja.mk

Previous Кои типови на мажи ќе ве изневерат без око да им трепне
Next 94-годишен старец повикал полиција на Божиќ затоа што бил осамен

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *