Полицаец посвои девојче откако го спаси од семејството кое физички го злоставувало


Полицаец во Аризона и неговата сопруга официјално го посвоија девојчето откако полицаецот помогнал да се спаси од злоставувањето.

Покловникот на полициската управа Кингман Брајан Зек бил патролен наредник во март 2018 година кога бил повикан во домот на Каила која во тоа време трпела злоставување и повеќекратни повреди од своите старатели.

Брајан ја тешел Каила додека чекале да пристигнат детективите и да ја одведат во болница.
„Боевме, грицкавме грицки, ме држеше за рака и беше многу слатка“, изјави Брајан додавајќи: „Кога пристигнаа детективите, ја земавме и ја одведовме во болница.“

Брајан кој е татко на две деца, откако заминал во својот дом и раскажал на својата сопруга за сето тоа, изразувајќи дека сака девојчето да живее со нив. Во меѓувреме Каила била на лекување од повредите нанесени како резултат од физичкото насилство. Брајан изјавил дека била поднесена кривична пријава против нејзините старатели, но бидејќи службите за заштита на деца не можеле веднаш да пронајдат сместување за Каила, Брајан и Сиера одлучиле да ја посвојат.

Продолжението можете да го најдете на наредниот линк: Полицаец посвои девојче

Извор: srekja.mk

Previous ‘Ржан леб со карамелизиран кромид: Љубов на прв залак
Next Ако имате сопруга која е медицинска сестра тогаш сте вистински среќник

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *