12 бобинки грозје на полноќ на Нова Година донесуваат среќа – Интересни и невообичаени суеверија ширум светот


Стрижење во вторник и жвакањето мастика после полноќ се сметаат за нешта кои привлекуваат лоши нешта, а свирење во домот довикува демони. Ова се само неколку популарни суеверија низ светот.

Историјата на човечкото општество во голем дел е создадена од суеверија, некои од нив се претвориле во норми кои се добро познати доколку отидете во посета на одредена земја.

Во Египет се смета за несреќа да отворите и затворите ножици пред да сечете нешто со нив, а уште поголема несреќа ако ги оставите отворени.
Исто така во Египет се смета дека бувовите носат голема несреќа на оние кои први ќе ги видат или чујат.

Во Кина бројот 4 се смета за неверојатно несреќен, а нивниот изговор на тој број е доста идентичен со изговорот на зборот „смрт“.

Ако во Франција нагазите на кучешки измет со левата нога, тоа е голема среќа, но со десната нога тоа е несреќа.

Во Латвиа свирењето во затворен простор се смета за привикување демони кои ќе ве тероризираат.

Ако поминувате покрај гробишта во Јапонија треба да го вовлечете палецот и да го прекриете со останатите прсти за да ги заштитие своите родители од смрт.

Турците избегнуваат да жвакаат мастики навечер, затоа што постои верување дека тие после полноќ се претвораат во месо од мртви луѓе.

Во Русија птичјиот измет на автомобилот или на вас се смета за знак на големо богатство кое следи.
Исто така во таа земја е непожелно да се дава жолто цвеќе затоа што тоа е наводно клетва која предизвикува љубовно неверство.

Во Шпанија доколку изедете 12 бобинки грозје на полноќ на Нова година донесува среќа.
Исто така во оваа земја не се смета петок 13 за несреќен туку вторник 13.
Шпанците исто така веруваат дека влегувањето во просторија со лева нога донесува несреќа.

Во Руанда жените не јадат козјо месо затоа што веруваат дека од него ќе им порасне брада и мустаќи.

Во Германија наздравувањето со чаша вода е строго забрането затоа што значи дека им посакувате смрт на оние со кои пиете.

Во Иднија се смета за несреќа стрижењето во вторник.

Во Кореа спиењето со вентилатор се смета за привикување смрт со гушење.

Извор: srekja.mk

Previous Мими Стојановска позната како „Читачката“ – Невработена, високообразована жена и самохрана мајка – Еве зошто таа е единствена во она што го прави
Next Бестрашен фотограф забележува неверојатни мигови на места на кои ретко кој би се осмелил да отиде

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *