Мими Стојановска позната како „Читачката“ – Невработена, високообразована жена и самохрана мајка – Еве зошто таа е единствена во она што го прави


Мими Стојановска, 35-годишна скопјанка, по професија професор по Филозофија и магистер по економски науки, сепак невработена, е самохрана мајка на две дечиња, 7-годишниот Борјан и две и пол годишниот Војдан. И вистинска жена – лавица е. Не е „кукумјавка“, напротив, откако останала сама, со децата, и уште и без работа, конците си ги презела во свои раце и згора на тоа, животот си го заросила со уметност. Уметност не само за неа и за нејзините деца, туку и за други мајки, татковци и деца, и за други девојки и момци, за сите љубители на литературата. Имено, за време на домашната изолација во екот на коронакризата, Мими си отворила свој јутјуб-канал насловен „Слушај книга, читам за Вас“ каде што, претпоставувате веќе, чита „на глас“ книги.

– Како мајка, читањето на глас на другите е нешто што природно си дојде. Но, откако прочитав една „посебна книга“ и ја препорачав на мои блиски, видов дека има многу возрасни што се мрзеливи за читање, но сакаат да знаат што пишува во книгите. По неколку пречитувања на глас за други на книгата „Е баш ме заболе“, се роди идејата за јутјуб-каналот, како најдобра опција, едно пишано дело да биде доближено до што поголем број уши – ни рече Мими.

Продолженијето можете да го најдете на наредниот линк: Читачката

Извор: srekja.mk

Previous 7 прекрасни слики сликани во Велес од моја страна
Next 12 бобинки грозје на полноќ на Нова Година донесуваат среќа – Интересни и невообичаени суеверија ширум светот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *