in , ,

Нов рекордер со скор 300:0 на FIFA 21

Андерс Веjрганг, 14-годишно момче од Данска, постави светски рекорд за видеоиграта FIFA 21.

Веjрганг стигна до 300-та победа од исто толку натпревари во „викенд-лигата“.

Секој викенд, најдобрите FIFA играчи ширум светот играат „викенд лига“ во која играте 30 натпревари со противници по случаен избор низ целиот свет.

Од објавувањето на видео играта FIFA 21, се одржаа 10 „викенд лиги“ и Андерс победи на секој натпревар и сега им скор од 300-0!

Андерс е, без сомнение, најдобриот играч на светот, но ќе мора да го чека својот 16-ти роденден за да може да започне да се натпреварува на професионално ниво.

Сепак, тој веќе е на платен список кај RB Leipzig и веќе заработува илјадници евра.

https://youtu.be/wMGDK5CAcyE

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Идеја за појадок: Американски палачинки

Покажа од кого ја наследила убавината: Вака изгледа мајката на Емилија Розман