in ,

„Прекрасно за очи и душа“: Ирена Спировска и нејзиниот сакан како пар од турска серија (фото)

Водителката Ирена Спировска ужива во емотивната врска со нејзиниот партнер Душко Исајловски.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Ирена е резервирана, па не секогаш открива детали и не сака својата интима да ја експонира во јавност.

Познато е дека Спировска е активна во планинарењето, па често знае да сподели фотографии од некоја планинарска тура, или пак да позира од студиото на Алфа телевизија.

Ирена и Душко уживаат во својата љубов, а природата е теренот каде најмногу се чувствуваат свои и водителката често знае да покаже како уживаат во некоја природна убавина.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ИРЕНА СПИРОВСКА

Меѓутоа, тука се објавите и од некој настан, во кои изгледаат елегантно, одмено, со стил…

Имено, Ирена на својот Инстаграм објави една фотографија од едно јавно случување, а таа позира во сив долг фустан со поширок долен дел, додека нејзиниот партнер позира во елегантен костум.

Вака скроени еден покрај друг изгледаат како пар од турска серија. Следбениците не престанаа да коментираат под објавата.

„Прекрасна двојка сте“, „Најубави сте, поздрав“, „Кралски пар“, „ Прекрасно за очи и душа. Со стил!“’, се само некои од коментарите кои може да се најдат под објавата.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Наследена убавина: Запознајте ја мајката на Сека Алексиќ!

„Малку фалеше да бидам со Џенифер Лопез“ – Алек Наумовски 30 години дел од модната сцена