Новогодишна магија: Ѕирнете го празничниот амбиент во домот на Лила (фото)


Ситно броиме до крајот на 2020-та година, а познатите ширум регионот и светот покажаа како изгледа нивниот дом во новогодишно руво.

Иако, 2021-та  ќе ја дочекаме без големи помпи и новогодишни прослави, сите се радуваме дека годината на коронавирусот кончено ќе заврши… Барем календарски!

Познатите преку социјалните мрежи ги покажаа новогодишните елки, покажаа како изгледаат нивните домови за време на престојаните празници.https://vistina.com.mk/radio-mileva/i-taa-se-prikluchi-vo-nizata-poznati-koi-ja-pokazaa-novogodishnata-elka-praznichno-i-svetkavo-vo-domot-na-karolina-gocheva-foto/embed/#?secret=4gqVIxQV6n

Meѓу нив и водителката Лила Филиповска. Имено, во нејзината последна објава на Инстаграм, таа ја покажа новогодишната елка украсена со лампиони и сајлички, ги покажа и останатите новогодишни декорации и украси кои прават нејзиниот дом да наликува на новогодишна бајка.

Главна ѕвезда е и нејзиниот мачор Рагнер кој на видеото позира елката.

Нема сомнеж дека кога станува збор за Лила, се мора да изгледа фино, убаво и со вкус.

Извор: vistina.com.mk

Previous Се сврши синот на Адријана Алачки – еве како изгледа идната снаа на водителката (фото)
Next Вечешката женска музичка група Тхе Чикс приготвија и подарија 60 пакетчиња

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *