Посна баклава со суви сливи


За сите љубители на баклава.

Потребни состојки:

500 г кори за пита

250 г мед

500 г ореви

500 г суви сливи

1 лимон

1 дл масло

½ дл вода

500 г шеќер

Начин на подготовка:

Исечкајте ги сувите сливи и оревите. Премачкајте го тавчето за баклава со масло и наредете по 2 кори за пита, попрскајте ги со масло и мед и наросете ги со сечкани ореви и суви сливи. Повторете ја постапката додека да ги потрошите сите состојки.

Исечете ја баклавата на триаголници, попрскајте со масло и печете околу 30 минути на 180 степени.

Додека се пече баклавата, подгответе сируп. Промешајте вода со шеќер и сок од еден лимон па варете го сирупот на тивок оган додека да се згусне.

Прелијте ја баклавата со сирупот и оставете ја да се излади за да го впие сирупот.

Извор: kajgana.com

Previous Богата трпеза: Погледнете како познатите го прославија Св.Никола (фото)
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *