СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Што и да започнете, ќе се заврши во хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во кои би го имале главниот збор. Ако при завршувањето на некоја работа користите автомобил, не одете никаде пред да посетите авто-механичар.

БИК
Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото сте славеле мала победа со која на партнерот сте му дале до знаење каде му е местото. Денес тоа ви доаѓа на наплата, а вашиот авторитет ќе биде разнишан доколку вашето его не го исконтролирате навреме.

БЛИЗНАЦИ
Посакувате конкретни нешта. Се околу вас е досадно и не знаете за што да се фатите и тоа да го прогласете за денешна ѕвезда водилка. Работата ви е здосадена а ни во домот не се баш најдобри односите. Не попуштајте, меланхолијата е минлива како и овој ден.

РАК
Ви годи близината на личностите кои ве инспирираат на посебен начин. Вистинско време е да повлечете конкретни потези и необавезното познанство да го преточите во нешто подлабоко. Ако своите идеи ги спроведете во дела, можеби тоа ќе значи почеток на една убава љубовна врска.

ЛАВ
Во љубовните односи сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде причина за непријатни расправии. Доколку не се заозбилите и не прифатите критики, обична расправа може да прерасне во сериозен конфликт после кој следи разделба.

ДЕВИЦА
Може да ви се случи од вас да протече информација која некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се исконтролирате, но моментално е најдобро да молчите. Внимавајте, дури и во опкружување кое нема никаква врска со вашиот професионален живот.

ВАГА
Премногу сте навредливи. Лутината ви штети на вашиот имиџ затоа што малку луѓе разбираат дека позади тоа криете ранливост. Денот е таков што е подобро да се завртите кон семејството и партнерот. Малку разонода и дружење со личностите кои ве сакаат на вашата душа ќе и направи чуда.

ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со работа. Иако атмосферата е напната, вашата нетрпеливост може додатно да ја отежне положбата, не само на вам и опкружувањето. За да избегнете непријатности, морате да одолеете на бројни искушенија и провокации. Не влегувајте во излишни дискусии.

СТРЕЛЕЦ
Бегате од реалноста така што се препуштате на царството на фантазијата и соништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која со својата благонаклонетост ви испраќа сигнал дека ве почитува а вие верувате дека по изгледот кокетира и најавува љубовна авантура.

ЈАРЕЦ
Ве опкружуваат луѓе кои упорно ви зборуваат што и како треба да правите. Иако не сте барале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не личи на вам да мислите со туѓа глава, на време дистанцирајте се.

ВОДОЛИЈА
Не сте сигурни во своите потенцијали. Размислувате како да ја подобрите ефикасноста и со некоја иновација ја поправате својата финансиска ситуација. Искористете ја приликата да ги соберете околу себе пријателите кои можат да ви помогнат во се па и во работата.

РИБИ
Без оглед на се што сте планирале, бидете спремни да одложите голем дел активности. Сте ги прецениле своите можности го сакате тоа или не, ќе бидете принудени дел од одгворностите да ги препуштите на блиските соработници. Искористете го ова за краток одмор.

Извор: srekja.mk

Previous РЕЦЕПТ: Топло чоколадо со рум – Зимски напиток кој ја загрева душата
Next Психологијата открива што можете да заклучите за личноста за само 7 секунди?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *