РЕЦЕПТ: Топло чоколадо со рум – Зимски напиток кој ја загрева душата


Во шолја од овој напиток со чоколадо живее среќа.

Во текот на зимските попладниња, сите сакаат само едно: Да се стуткаат во своето омилено ќебе со својата омилена серија, филм или книга и да уживаат во чаша некој топол напиток. А зошто изборот за студените вечери не би бил, да речеме – топла чоколада? И зошто наместо класична верзија не би ја испробале оваа зимска варијанта со додаток на рум и цимет? Баш за ова уживање го имаме вистинскиот рецепт.

СОСТОЈКИ:

  • 1,5 л. млеко
  • 250 гр. насецкана црна чоколада
  • 200 мл. слатка павлака
  • 1 мала лажичка цимет во прав
  • 5 лажици рум

ПОДГОТОВКА:
Во голем сад ставете го млекото, павлаката, румот и циметот. Загрејте до степен на вриње на средно силен оган. Кога ќе зоврие, тргнете од оган и веднаш додадете ја чоколадата. Добро мешајте со лажица додека цела чоколада не се стопи и не се соедини со течноста. Префрлете во шолји и веднаш послужете. Врелата чоколада по желба можете да ја украсите со слатка павлака а можете да додадете и колачи од слез.

Пријатно!

Извор: srekja.mk

Previous Каталина Делгадо во акција
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *