Која е разликата помеѓу паметна жена и мудра жена?


Ви прикажуваме интересна листа на работи во кои ќе препознаете дали сте паметна или мудра жена. Овие примери сигурно ќе ве натераат да размислите како да станете уште помудри.

1. Кога паметна жена ќе ја открие грешката на сопругот, ќе му замери и ќе го потсети дека го предупредила неколку пати.
Мудра жена и кога треба се преправа дека не забележала ништо.

2. Паметната жена во кризна ситуација ќе ги преземе управувањата  во свои раце и ќе го научи својот сопруг како да живее правилно.
Мудрата жена му ја покажува насоката незабележливо, така што сопругот ја разбира како негова идеја и таа го поддржува во намерата да ја постигне целта.

3. Паметната жена на работа ќе се обиде да биде подобра од сите и да не греши. Затоа повеќето колеги ќе бидат многу внимателни со неа.
Мудрата жена ќе создаде атмосфера на љубов и топлина помеѓу колегите.

4. Паметната жена ќе се меша во животот на своите возрасни деца, ќе им дава совети и препораки, што дури и не ги побарале, ќе им каже за тоа како да ги воспитуваат своите деца.
Мудрата жена им дозволува на своите деца да стекнат животно искуство и дава поддршка во секоја ситуација.

5. Паметна жена сака да го промени светот и ѓи променува луѓето околу себе.
Мудрата жена почнува да се менува самостојно. И ѓи прифаќа сите такви какви што се.

6. Паметна жена мисли дека оној кој е во право е среќен.
Мудрата жена знае дека оној кој е среќен е во право.

Извор: srekja.mk

Previous Холандија прогласена за земја каде децата се најсреќни
Next Вака изгледа новогодишната еуфорија во домот на Ламбе Алабаковски во Америка (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *