Децата родени во јануари имаат поголеми шанси да бидат успешни


Зимските бебиња имаат поинаков карактер од летните. Истражувањата покажуваат дека децата родени во јануари се помалку раздразливи отколку нивните врсници. Статистичарите се занимаваа со фактите и пресметуваа како децата родени овој месец се поуспешни од другите.

Најчестата професија што ја практикуваат е медицината и тие често се спортски типови. Ова го покажа и истражувањето од Австралија, во кое научниците проучувале во кој месец се родиле најмногу играчи во фудбалските клубови. Ако сте родени во јануари, имате скоро 12 месеци предност во однос на растот во однос на колегите кои се родени на крајот на годината – објасниле експертите.

Друга придобивка што ја имаат родените во јануари се подобри подароци. Имено, нивниот роденден доаѓа откако ќе завршат празниците. Потоа започнуваат попусти, па подароците може да се најдат по пониски цени. Затоа постои поголема можност децата од јануари да добијат подобри подароци од другите.

Кога зборуваме за астрологија, бебето од јануари е Јарец или Водолија. За луѓето родени во знакот Јарец се вели дека се романтични, практични и добри организатори, а Водолијата се смета за мислители кои сакаат да им помагаат на другите. Покрај тоа, истражувањето кое ги анализирало датумите на раѓање и успехот покажува дека повеќето познати личности се родени во знакот на Водолија.

Извор: srekja.mk

Previous Александар Јосифовски растури во „Ѕвездите на Гранд“, а посебен коментар доби од Карлеуша: „Овој кандидат пее како од ЦД“ (видео)
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *