Науката потврди – Кучињата можат да помогнат аутистичните деца подобро да комуницираат со светот


Зошто што секое дете, особено она кое страда од аутизам треба да има куче во домот.

Шведските научници објавија дека врската помеѓу кочето и детето може да послужи како терапија во лечење на тешки психички проблеми, како аутизам и некои други психички пореметувања.

„Окситоцинот е исклучително силен посредник во врската помеѓу кучето и човекот. Луѓето кои имаат физички контакт со своето куче имаат зголемен степен на окситоцин, кој се задржува во текот на целата комуникација помеѓу животните и човекот, а тој хормон е важен во борбата против стресот“ – вели шведскиот професор Пер Џенсен.

Окситоцинот е хемикалија позната како хормон на љубов кој го лачат и кучињата и луѓето, познато е дека ја зајакнува друштвената врска помеѓу луѓето и животните. Детскиот психички, социјален, емоционален и когнитивен развој може да биде потпомогнат во интеракцијата со домашниот миленик.

Домашните миленици имаат позитивна улога во психофизичкиот и социоемоционалниот развој на децата. Посебно се корисни за децата со аутизам, тешкотии во учењето, хиперактивни или агресивни деца.

Децата со аутизам се служат во главно со невербална комуникација, баш како и домашните миленици па во контакт со нив на детето може многу да му помогне во подобра интеракција со луѓето. Исто така и кај децата со потешкотии во учењето можат да бидат одличен лек против стрес. Галењето на кучето може да ја смири хиперактивните или агресивни деца, покажуваат многу истражувања.

Извор: srekja.mk

Previous Каде е и како изгледа денес Сара, ќерката на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски (ФОТО)
Next Добредојдовте во Night City

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *