in , ,

Каролина Гочева од Битола во Преспа: Пејачката на тура низ Македонија со посебно друштво (фото)

Секоја сезона од годината носи своја посебна убавина…

Крајот на есента, доаѓањето на Нова Година, почетокот на зимата, за сите нас е еден период на адаптација, подготовка за постудените месеци и почесто консумирање на убавините кои ни ги нуди природата, особено оние на нашата Македонија.

Пејачката Каролина Гочева поради пандемијата од коронавирусот, како и многумина оваа 2020 година остана на домашна територија потетувајќи ги убавините на нашата земја.

Таа често од Скопје патува во родната Битола кај своите родители, сестра си и внуките, а овој пат направи една тура од Битола до Преспа заедно со мама Светлана и една пријателка.

ФОТО:КАРОЛИНА ГОЧЕВА/ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Таа преку неколку фотографии кои ги овековечи на Инстаграм го покажа убавото Преспанско езеро за кое сите се надеваме и чекаме негово заживување.

ФОТО:КАРОЛИНА ГОЧЕВА/ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Овој период езерето е ретко посетено, а Каролина и убавото друштво дошле до убава идеја за полнење на патериите со позитивна енергија од природата.

Нека ова биде идеја и за Вас да посетите место во Македонија на кое можеби не сте биле или не е актуелно овој период од годината.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Во црн фустан со шлиц до препони: Елена Ристеска заводливо открива каков маж може да ја привлече (фото)

Три хороскопски знаци кои најмногу се плашат да стапат во брак