После Аркан, само него јавно го покажа: Како изгледа денес бившото момче на Цеца Ражнатовиќ и со што се занимава? (ФОТО)


Емотивниот живот на славните и нивната љубовна интима отсекогаш биле интересни за народот, особеноо на мегаѕвездите како Цеце Ражнатовиќ.

Иако со години се криеше и го чуваше во тајност својот љубовен статус, Цеца сепак претстави еден маж во јавноста. Станува збор за поранешниот модел Владимир Цветковиќ – Цвеле, со кого помина 6 месеци.

„Раскинавме поради непомирливи разлики во карактерите, но со договор и без грди зборови. Нам ни се случи она што им се случува и на други парови, така што нема ништо сензационалистичко во нашето раскинување. Ќе останеме пријатели, а јас ќе чувам само убави спомени од времето поминато со Владимир, бидејќи немаше грди нешта“ – изјави Цеца за медиумите по нивното раскинување.

„Цеца не сака многу да се движи, па поголемиот дел од времето го поминува дома. Таа по природа не е авантурист како мене. Она што се случи после врската најмногу ми пречеше. Имав одредени непријатности од разни новинари кои пишуваа невистини, а тие не сакаа да ги објавуваат моите коментари“ – рече Цветковиќ во една прилика.

Владимир денес има 43 години и изгледа доста поразлично. Тој сè уште е во добра форма, а стана и успешен бизнисмен во областа на медицината, поточно, во бизнисот со трансплантација на коса.

Фото: Инстаграм/Фејсбук принтскрин

Извор: vistina.com.mk

Previous Ловец на глави таргет Patricia Saunders
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *