СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 7 ДО 13 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Вашиот фокус е насочен кон вашата креативност, ќе размислувате како да го реновирате домот или работното место. Можно е поради преголемата работа да бидете преморени. Стресот може да влије врз вашиот приватен живот.

БИК
Ќе бидете нетрпеливи и тоа ќе влијае врз вашата продуктивност. Можно е да направите некои смешни грешки и тоа ќе ве направи некомпетентни во очите на вашите соработници. Ќе успеете да надминете некоја непријатна ситуација.

БЛИЗНАЦИ
Ќе слушнете добри вести во врска со некој близок член од семејството. Ќе го поминувате времето со вашите најскани и блиски. Вашата креативност ќе ви отвори нови патишта. Ќе започнете некој нов проект.

РАК
Ќе бидете благословени од месечината. Ќе планирате да правите поправки или да го реновирате домот. Вашата искреност може да ја доведе до непријатности вашата љубовна врска, другите ќе ве сфаќаат погрешно. Можно е да имате некој здравствен проблем поврзан со грлото.

ЛАВ
Ќе чувствувате среќа и ќе бидете смирени и сталожени. Нештата ќе течат онака како што сакате. Ќе планирате да започните некоја нова работа или да го проширите вашиот бизнис. Вашиот ентузијазам ќе ви отвори нови можности а другите со задоволство ќе сакаат да соработуваат со вас.

ДЕВИЦА
Ќе сакате да ги оставите сите ваши должности настрана, нема да имате енергија за ништо. Ќе се занимавате со непродуктивни нешта и некорисни работи ќе ви го одвлекуваат вниманието. Читајте ги документите пред да ги потпишете.

ВАГА
Ќе уживате во времето поминато со вашите најблиски и саканиот. Треба да бидете пољубезни со луѓето околу себе. Внимавајте со вашата заштеда да не ја трошите на нешта кои нема да ви бидат потребни. Можен е напредок на работното место или проширување на бизнисот.

ШКОРПИЈА
Ќе бидете зафатени со вашата работа, ќе се потпирате на вашата мудрост и ќе сметате дека вашите одлуки се вистински и најсиправни. Можно е да добиете некоја голема понуда која ќе ви отвори нови врати кон нови успеси. Вашата креативност се подобрува.

СТРЕЛЕЦ
Благословени сте од месечината, можно е да се соочите со некои предизвици за кои ќе сметате дека ќе бидат тешки а да се надминат. Чувствувате дека некој намерно ви создава препреки за да не успеете, но среќата е на ваша страна.

ЈАРЕЦ
Недоволниот сон ве прави нервозни и ве попречува да бидете продуктивни и да ги извршувате вашите работни задачи на најдобар можен начин. Ќе правите анализа на вашите избори, можно е да наидете на некој проблем за кој ќе треба да побарате помош од постара личност.

ВОДОЛИЈА
Ќе планирате да направите некои промени во вашиот живот. Можно е да ставите крај на љубовната врска затоа што ќе сметате дека нема иднина. Оние кои се сингл можеби ќе се впуштат во нова љубовна авантура. Ќе размислувате за вашите опции.

РИБИ
Оваа недела среќата ќе биде на ваша страна. Ќе успеете да ги надминете здравствените проблеми. Финансиската состојба се подобрува, но внимавајте да не донесувате нагли одлуки во врска со вложувања. Оние кои студираат ќе постигнат одлични резултати.

Извор: srekja.mk

Previous Еве како изгледа домот на Тамара Тодевска во новогодишно руво (фото)
Next 13 промени на навиките што ќе се случат по пандемија

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *