(ВИДЕО) Во Полска, на 40 километри од Варшава во градот Мшчонув е отворен нуркачки базен длабок 45,5 метри.
Базен комплексот Deepspot има 8,000 кубици вода, што е за 20 пати повеќе од количината во обичниот базен.
Во комплексот постојат многубројни имитации кои потсетуваат на подводни пештери и рушевини од цивилизацијата на Маите.
За разлика од обичните базени, Deepspot базенот прима посетители и покрај пандемијата со коронавирус, затоа што е наменет за нуркачите и нивните тренинзи. Во план е и изградба на хотел од чии соби ќе може да се приушти поглед на внатрешноста на базенот.
Повеќе од натписот ќе најдете на наредниот линк: Отворен најдлабокиот базен
Извор: srekja.mk