Зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик?


Меѓу бројните комични однесувања со кои мачките ги забавуваат своите сопственици, секако тука е и таа дека тие обожаваат да спијат на главата на спојот сопственик. Неколку од можните објаснувања за таа мачја навика, со оглед на тоа дека мачките се таинствени и чудни животни, можеби само тие ја знаат вистинската причина зошто го прават тоа.

Луѓето всушност не знаат точно зошто мачките спијат на главите на своите сопственици, но стручњаците нудат три можни причини.

1.Најверојатно причината е таа дека мачките така се топлат. Луѓето најмногу телесна топлина губат низ главата, а мачката тоа може да го почувствува па затоа се свиткува на главата на својот сопственик за да се загрее. А знаеме колку мачките сакаат топлина.

2.Мачката ја привлекува мирисот на косата, особено женската затоа што жените кроистат производи за стилизирање на косата кои мирисаат. Освен мирисот, голема е веројатноста мачките да ги привлекува текстурата на ксоата. Некои дури и ја лижат косата на своите сопственици.

3.Кога е толку блиску до сопственикот може да го превземе неговиот мирис, на мачката тоа и дава чувство на пријатност, сигурност па дури и утеха. Освен тоа, удобноста на перницата на мачките совршено им одговара за мирен сон.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next РЕЦЕПТ: Најлесниот рецепт за омилениот зимски десерт

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *