Социјалните мрежи сјајат во новогодишен амбиент, а останаа малкумина кои не се пофалија со празничната магија во својот дом.
Во време кога секојдневно слушаме и читаме за коронавирус преку сите медиумски гласила и на социјалните мрежи, промена со нешто убаво и тоа како ни е добредојдена.
Со доаѓањето на месец декември, на социјалните мрежи се повеќе може да ги видиме новогодишни декорации кои дури и само што светкаат ни носат некоја позитивна енергија, верба и надеж за поубаво утре.
И пејачката Тамара Тодевска на својот Инстаграм објави фотографија од новогодишниот амбиент во својот дом.
Може да се види прекрасната висока и бујна елка накитена со лампиони и разни други украси, но без еден важен елемент – сијаличките кои ги уништило мачето Ари кое од неодамна е во нивниот дом.

Нема сомнеж дека новогодишните елки во нашите домови придонесуваат за позитивна енергија која и тоа како ни е потребна на сите, а Тамара веројатно ќе си купи нови сијалички, но и нова играчка за мачето.
Извор: vistina.com.mk
No Comment