РЕЦЕПТ: Посна чоколадна торта која ја сакаат и оние кои не постат


Бидејќи е време на постови, ви споделуваме еден вкусен десерт кој можете да го направите во секое време, но и доколку славите некоја од претстојните слави.

Има многу рецепти за тортпи со вкус на кафе и чоколада, а оваа е доста едноставна и лесна.

  • СОСТОЈКИ:За кори:
  • 3 шолји од 200мл. брашно
  • 3 лажички прашок за пециво
  • 2 шолји кисела вода
  • 3 лажици какао
  • 10 гр. ванилин шеќер
  • 100 гр. шеќер
  • 3 лажици џем
  • 6 лажици масло
  • 1 кесичка инстант кафеЗа фил:
  • 2 лажички нес кафе + 50 мл. топла вода
  • 3 лажички шеќер
  • 10 гр. ванилин шеќер
  • 200 мл. кисела вода + 100 гр. шлаг
  • 100 гр. црна чоколада + 3 лажички масло

ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното и прашакот за пециво, додадете вода и изматете, потоа додадете го шеќерот и матете а потоа додадете го инстант кафето, џемот и какаото.
Смесате поделете ја на 3 дела. Во правоаголем калап ставете хартија за печење и испечете 3 кори. Печете на 180 степени, 15-20 минути.
За фил, изматете 50 мл. топла вода со четири кесички инстант кафе и шест лажички шеќер. Изматете 200 мл. минерална вода и шлаг, па додадете го изматеното инстант кафе и убаво соединете.
Нафилувајте ги сите три кори и оставете ја тортата да се стегне.
Искршете ја чоколадата во чинија и додадете масло и направете глазура. Прелијте ја тортата одозгора па кога глазурата ќе се стегне, отстранете ги страниците од правоаголниот калап. Украсете по желба.
Пријатно!

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 5-6 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next Аднан Куртов е број еден Музичар во Велес

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *