СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Денес треба да обрнете повеќе внимание на вашето здравје. Мрзеливи сте и вашето тело почнува да слабее поради недоволно физичка активност. Внимавајте од непознати луѓе. Во текот на денот ќе имате некои проблеми но брзо ќе бидат надминати.

БИК
Сочувствителни сте кон другите луѓе и полни сте со разбирање а тоа ви помага се да извршувате како што треба. Но внимавајте на вашето здравје, послушајте совет од постара личност. Можно е да дојде до некој конфликт со блиска личност. Оние кои се во брак ги очекува хармонија.

БЛИЗНАЦИ
Почнувате со планирање на нови задачи иако сеуште ги немате завршено нити старите, тоа може да ве доведе до проблеми. Ќе имате поддршка да завршите се како што треба. Оние кои се студенти треба  да вложат поголем труд. Некоја тензија во семејството ќе биде надмината.

РАК
Денес обидете се да го држите бесот под контрола. Негативни мисли ќе го преплавуваат вашиот ум, нема потреба да бидете под стрес. Немојте да трошите повеќе од потребното. Време е да започнете со нов план за штедење. Посоветувајте се со постара личност.

ЛАВ
Многу нешта во вашето секојдневие ве иритираат, ќе сретнете личност која не сте ја виделе долго време. Ќе се присетите на старите мигови со некои драги пријатели и тоа ќе ви донесе насмевка на лицето. Постои можност за зголемување на финансиите и неочекувана добивка.

ВАГА
Ќе се соочите со некоја личност со која долго време сте имале лоши односи, можеби сега е вистинскиот миг да кажете се што чувствувате и да ставите крај на расправијата. Вашето здравје варира, под стрес сте и не превземате ништо поради тоа. Некој ќе ве поддржи во некој ваш план или идеа.

ШКОРПИЈА
Денес бидете внимателни во сообраќајот, можеби ќе се сретнете со некоја непријатна ситуација. Економските загуби ќе ве загрижат, ќе бидете вознемирени поради иднината. Сега не е вистинско време да планирате патувања, вашето здравје треба да биде прегледано.

СТРЕЛЕЦ
Очекувајте добри вести. Ќе ви бидат зголемени одговорностите на работното место и тоа ќе ви даде шанса да се докажете. Ќе бидете изморени и постојано ќе биде преокупирани со нови задачи. Некој во вашето семејство има потреба од поддршка.

ЈАРЕЦ
Ќе постигнете ментална стабилност, стојте понастрана од нештата кои создаваат зависност, најдобро е да почнете да се движите повеќе во природа и да внимавате на здравјето и да се занимавате со физичка активност. Ќе добиете помош од колегите.

ВОДОЛИЈА
Голем дел од вашата работа ќе биде успешно завршена. Нема потреба од грижи. Имате тенденција да бидете мрзеливи и тоа ве спречува да имате слободно време за себе, одговорностите се натрупуваат. Доколку сте дале позајмица, ќе ви биде вратена.

РИБИ
Денес ќе има добивка, некои задачи ќе бидат успешно решени. Се грижите за здравјето на некој член од семејството. Вашите трошоци ќе бидат зголемени. Денес не е баш добар ден за да правите големи планови. Останете смирени.

Извор: srekja.mk

Previous Нешто во врска со мојот микс на песната: Tose Proeski - Angel Si Ti
Next 3 чекори за совршен почеток на денот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *